364
Денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата вакцинација.мк. во кои спаѓаат лицата над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, како и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.
Како што се наведува, вакцинацијата планирано е да започне да се спроведува во втората половина на овој месец, а за терминот граѓаните ќе бидат известени преку СМС порака.
Годинава Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, односно набави 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.