Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека армијата на земјата влегува во следната фаза од војната во северниот дел на Газа.
Тој рече дека од „интензивна фаза на војната“ ќе премине на „различни видови специјални операции“.
„Блиску сме до следната фаза на север, вклучувајќи го и градот Газа, каде израелските сили во голема мера воспоставија контрола“, рече Галант во интервју за Волстрит журнал, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој изјави дека израелските сили треба да го „земат предвид“ огромниот број цивили кои загинаа како резултат на офанзивата во Газа. Според него, израелската армија ќе мора соодветно да ја прилагоди својата тактика.
„
Ќе биде потребно извесно време, но нема да се откажеме“, рече Галант.Повеќе од 23.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, од кои 70 отсто се жени и деца, според палестинската милитантна група Хамас.