Започнува фестивалот на Студентскиот пленум

by Фокус 11:19
11:19

Тридневниот „АД ХОК“ фестивал во организација на Студентскиот пленум ќе започне денеска во 12 часот во комплексот од УКИМ.
Фестивалот ќе трае три дена а ќе содржи музичка програма, изложби и работилници.

Во музичкиот дел ќе настапуваат Новиот Почеток, The John, PMG Collective, Bandix, Rover’s Hangover, Визија, Funk Shui, Bleeding Hearts and Artists, Bona Dea, Зад Аголот, Ексцес, DJ Irie Scratch, DJ Ilina Angel, DJ Goce Saf, DJ UX,DJ B!zarre. Музичката програма ќе се одржува секој ден од 12 до 16 часот.

- Advertising -

Во аулите на УКИМ, во текот на трите фестивалски денови ќе биде поставена изложбата на Ирина Михајлова. Темата на изложбата ќе биде „Како треба да изглеаат студентските домови“. Предавања на различни теми ќе организираат „МОФ“, „Младите можат“ и „ПСИХЕСКО“.

 

Поврзани новости