Започна судењето на Савески и Куновски за демолирање на канцеларијата на Иванов

by fokus

Двајцата обвинети 45 дена се во притвор, а денеска беа донесени во судница за да одговараат за демолирањето на претседателската канцеларија во центарот на Скопје. Савески и Куновски се обвинети дека при нападот на канцеларијата учествувале во оштетување на инвентарот и фотографиите.

Претходно за истото дело и за истиот настан осудени беа неколкумина демонстранти на условни затворски казни и парично да ја надоместат штетата од осум илјади евра. Ако се следи праксата на судот тогаш извесно е дека и овие двајца, со оглед дека има фото документација за учеството во настанот, ќе ја добијат истата казна.

Шарената револуција пред неколку дена имаше организирано ден за донации за да може да се платат ваквите казни. И не само штетата врз канцеларијата на Иванов, туку солидарниот фонд ќе мора да ги покрива и другите казни, како онаа од 2 400 евра на граѓанскиот активист од Прилеп кој е казнет за учество на протести.

Поврзани новости