Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.
Ова се темите кои се во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони што започна претпладнево во македонската метропола.
На состанокот, покрај македонскиот претседател Стево Пендаровски, учествуваат и хрватскиот претседател – Зоран Милановиќ, претседателката на Словенија – Наташа Пирц Мусар во улога на ко-домаќини, но и српскиот претседател – Александар Вучиќ, претседателката на Косово – Вјоса Османи, албанскиот претседател – Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на БиХ – Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.
Пред официјалниот почеток на состанокот, Пендаровски оствари билатерални средби со претседателката Османи и албанскиот претседател Бегај.
Во тек е пленарниот состанок на лидерите учеснички по што ќе следи заедничка прес-конференција на Пендаровски, Пирц Мусар и Милановиќ.