Започна расчистувањето на домот „Ранка Милановиќ“

by Fokus

Министерот за труд и социјална политика по вчерашното обелоденување на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во „Ранка Милановиќ“ денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја започнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот.

Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект.

„Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието“ изјави Велковски

Градоначалникот Стефковски изрази благодарност до министерот Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение на овој проблем.

„Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на зид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор“ рече Стефковски.

Поврзани новости