Започна протестот во Белград, нападнат Сергеј Трифуновиќ

by fokus

Во 18 часот започна протестот во Белград, а граѓаните во моментов се пред Собранието. Нивните барања се под итно да се именува нов Кризен штаб за борба со корона вирусот, кој нема да биде политички, како и одговорност за бруталната примена на сила од страна на полицијата на вчерашниот протест.

Пред Собранието беше нападнат глумецот и лидер на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ кој мораше да бега, и му беше раскрвавена главата. Дел од демонстрантите го критикуваа Трифуновиќ бидејќи учестуваше на изборите и не се придружи на бојкотот.

 


 

Поврзани новости