Започна печатењето на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година.
Процесот е отпочнат навремено, во вообичаениот период на печатење како и во изминатите години и наскоро целосно ќе се заокружи. Кон крајот на овој месец или најдоцна на почетокот на јуни ќе биде извршена испораката до сите основни училишта во државата, согласно побараниот тираж на учебници од секое училиште.
Така што, учениците новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови испечатени учебници кои ќе ги чекаат на нивните клупи. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.