Започна отворањето на Светското првенство во Катар

by Fokus

Со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор денеска од 17 часот по македонско време започнува овогодинешното Светско фудбалско првенство кое ќе трае до 18 декември.

Во групната фаза секој ден ќе има натпревари, освен први два и ќе се играат по четири мечеви од 11 до 20 часот по македонско време.

Елиминациската фаза на турнирот започнува ден по завршувањето на групната фаза. Така до големото финале кое ќе се одржи на 18 декември во 17 часот на стадионот Лусаил во истоимениот катарски град.

Поврзани новости