Најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години во Велика Британија започна денеска кога десетици илјади работници ги напуштија своите работни места поради спор околу платите, работните услови и работните места.
Овој штрајк може да биде почеток на понатамошни акции во индустријата, но и во целата економија во наредните месеци.
Штрајкот започна рано наутро и се очекува да учествуваат над 40.000 работници кои, како што е најавено, се очекува да штрајкуваат денеска, во четврток и во сабота, што ќе доведе до застој на железничката мрежа.
Поради штрајкот затворено е и лондонското метро.
Премиерот Борис Џонсон, кој е под притисок да стори што е можно повеќе за да им помогне на граѓаните да се справат со најтешката економска криза во последните децении, рече дека индустриската акција дополнително ќе го забави закрепнувањето на компанијата од пандемската криза.
Синдикатите најавија дека штрајковите на железницата би можеле да го означат почетокот на „летото на незадоволство“ на кое ќе им се придружат наставниците, медицинските лица, комуналните работници, па дури и адвокатите вклучени во индустриската акција. Сето ова се случува во контекст на големите поскапувања на храната и горивата, кои ја туркаат инфлацијата кон стапка од 10 проценти.
Џонсон, пак, тврди дека штрајковите им штетат повеќе на луѓето за кои тврдат дека им помагаат.
– Со продолжување на овој штрајк, железничките работници ги принудуваат патниците, луѓето кои патуваат на работа, кои на крајот на краиштата ги поддржуваат работните места на железничарите, а влијаат и на погодуваат компаниите и заедниците во земјата, изјави денеска Џонсон.
Илјадници луѓе учествуваа на синдикалниот собир во центарот на Лондон во саботата.
Штрајковите се одржуваат во време кога патниците на британските аеродроми се соочуваат со хаос поради доцнење и откажување летови во последен момент поради недостиг на персонал, а многу Британци мора да чекаат месеци за нови пасоши поради доцнење во обработката