Започна манифестацијата „Кавадаречка културна есен”

by fokus

Вчера во Галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе“ Кавадарци беше отворена манифестацијата ,,Кавадаречка културна есен 2022“.
Отворањето се случи со етно изложбата фотографии насловена како ,,Уменците и Пресвета Богородица”.

За време на годинашното издание на ,,Кавадаречка културна есен“ кое ќе трае од 14-ти октомври до први декември 2022, ќе се одржат бројни театарски претстави, вклучувајќи ја и ,,Недела на театарот“, потоа концерти од повеќе музички жанрови, фото и ликовни изложби, проекција на филм и друго.

Годинава манифестацијата ,,Кавадаречка културна есен“ ќе се одвива под мотото ,,Култура е… дојдете во нашата “куќа на уметноста“ да го почувствувате и доживеете тоа што ќе го видите!”

Вики Клинчарова

Поврзани новости