Започна гласањето низ Македонија за парламент во Бугарија

by Fokus

Почнаа парламентарните избори во Бугарија, кои се одржуваат петти пат во две години. Утринава се отворени и гласачките места на седум локации во Македонија. Гласачко место оваа година има и во Тетово каде се запишани околу 40 гласачи.  Во Скопје се гласа во бугарската амбасада.

Анкетите во Бугарија покажуваат дека граѓаните се веќе уморни од избори. Аналитичарите очекуваат дека и овој пат ниедна партија нема да добие мнозинство да формира Влада.

Според анкетите сојузот ПП-ДБ (Продолжуваме со промени-демократска Бугарија) е изедначен со алијансата ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, кој беше на премиерската функција речиси непрекинато од 2009 до 2021 година.

ПП (Продолжуваме да се менуваме) е либерална партија чиј лидер Кирил Петков беше премиер неколку месеци во 2022 година.

ФОТО: https://4news.mk/

Поврзани новости