124
Утрово започнува гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, најави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Бидејки се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.
Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголеми сили“ изјави Ангелов.
Во гаснењето ќе се приклучат и ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, за кои владата донесе одлука да бидат ангажирани пензионираните пилоти.