68
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, објави дека во акција на косовската полиција во селото Угљаре во Зубин-Потоку, северно Косово, денеска биле откриени и запленети рачни бомби и долго оружје и дека едно лице е уапсено.
Свечља на својата Фејсбук страница, покрај информација за акцијата, објави и фотографијата на лицето кое е осомничено и уапсено.
Тој ја опиша денешната акција како уште еден успех во заложбите на Владата за „искоренување на криминалот и отстранување на криминалните остатоци од Србија“ во Косово.