Полицијата заплени постелнини и козметички производи од возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале тројца државјани на Алабанија. Како што рекол возачот, робата била наменета за Шуто Оризари.
„На 22.05.2019 година во 22.50 часот на местото викано “Жировничко Анче“, на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, полициски службеници запреле и извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(28) од Република Албанија., во кое сопатници биле Д.Ш.(29) Л.Ш.(47), двајцата исто така од Република Албанија. При преглед во возилото биле пронајдени повеќе пакувања козметички производи и постелнини. И.Ш. бил лишен од слобода и во разговор со полициските службеници изјавил дека робата ја набавил во Тирана и ја носел во Шуто Оризари. Пронајдените предмети биле одземени и заедно со лицето се предадени во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од полицијата.