845
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид – ОВР Струга денеска околу 16 часот на влезот од Струга го лишиле од слобода А.А.(42) од с.Франгово затоа што при извршен претрес, по претходна добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен Суд Струга, во патничкото возило „мерцедес” кое го управувал, бил пронајден пиштол марка „хеклер и кох компакт” и 50 куршуми калибар 9 мм.
За настанот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен поднесок по чл.396 од Кривичниот законик