Покрај документација и компјутерска опрема, при вчерашниот претрес во домот на Маријан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Поточно, како што неофицијално дознава „Фокус“, биле запленети над 90.000 евра.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека биле пронајдени пари, но не се открива сумата.
-Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела, информираат од Обвинителството.