380
МВР информира дека вчера, во 11.15 часот, на улица „Железничка“ во Тетово од полициски службеници од тетовското СВР бил лишен од слобода Р.С.(43) од с.Горно Палчиште поради пиротехнички средства.
-Во неговото патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки му биле пронајдени и одземени 1657 пиротехнички средства, известуваат од полицијата.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.