Запленети марихуана и стебла канабис во Прилепско, едно лице притворено

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, соопштија денеска од МВР, на 02.09.2020 со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“.

 

– При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис, се наведува во соопштението.

 

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определил мерка притвор од 30 дена.

Поврзани новости