Запленети 35 кубни метри бесправно исечени дрва

by Fokus

МВР информира дека денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва.

Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости