Во меѓународна акција предводена од српското Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) во координација со Европол, на едрилица во Атлантскиот Океан се запленети 2,7 тони кокаин, над половина милион евра, а шест лица се уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Во операцијата предводена од Србија, беа вклучени органите за спроведување на законот од Бразил, Хрватска, Франција, Полска, Португалија, Шпанија и Словенија, а беше поддржана од Центарот за поморска анализа и операции – наркотици (МАОЦ-Н), соопшти Европол.
Кокаинот бил спакуван во куп поединечни пакувања кои биле во голем број спортски кеси. Со едрилицата управувале еден украински и еден чешки државјанин. Тој беше запрен во шпанските територијални води.
Во Србија се уапсени организаторот на криминалната група, седумдесетгодишниот С.К., и уште тројца осомничени – Н.С. (1988), Н.С. (1980) и Б.К. (1983).
Организаторот на криминалната група, како што пишуваат српските медиуми избегал од затвор од Бразил, а при апсењето пружил отпор, но полицијата брзо го совладала.