Запленети 100.000 парчиња текстил, обувки и апарати за домаќинство ќе бидат донирани

by fokus

Околу 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјали и апарати за домаќинство, денеска од Агенцијата за управување со одземен имот ќе бидат однесени во депото во Идризово.

Одземената стока ќе биде доделена на 26 институции, меѓу кои Министерството за труд и социјална политика, општини, за потребите на училиштата, Црвен крст, Комисија за односи со верските заедници за потребите на манастирите, Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи за потребите на ИВЗ.

Поврзани новости