599
Голема полициска акција е во тек на југот од земјата, во непосредна близина на граничниот премин Богородица, дознаваме од извори во истрагата.
Според нашите информации запленета е марихуана вредна околу 200.000 евра. Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани.
Од МВР само потврдуваат дека е во тек акција за заплена на дрога, а детали најавуваат за утре.