Поради појава на чад, предизвикана од автомобил кој се запалил во подземните паркинзи во трговскиот ценатар „Ист Гејт“, денеска биле евакуирани посетителите и вработените во трговскиот.
На вработените им било соопштено да го напуштат трговскиот центар, а притоа првично не им било дозволено да ги земат своите автомобили.
По кратко време на посетителите им било дозволено да се вратат по своите возила.
Дел од медиумите пренесуваат дека причината за пожарот е запален автомобил во трговскиот центар Ист Гејт Мол при што интервенирала и Противпожарната бригада.
Од страна на обезбедувањето била направена евакуација и за сега нема информации за повредени лица.
И МВР ја потврди инфомрацијата.
„Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.