Запалени маски на протестот против рестриктивните мерки

by fokus

Учесниците на протестот против новите рестриктивни антиковид мерки запалија маски за еднократна употреба.

На тој начин, како што велат, тие испраќаат порака против носењето на маски, кои, како што рече еден од демонстрантите, тераат на повраќање.

Исто така, тие се и против вакцинацијата, прашувајќи ги вакцинираните дали ќе примат само 2 дози, или ревакцинацијата ќе нема крај.

„Имам право на избор“, извикуваат тие и воедно бараат оставка на владата, премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче.

Притоа, дел од нив користат пцости, навредливи зборови па и говор на омраза.

Поврзани новости