Фотографии од неколку функционери запалени и измачкани со црвена боја, фотографии од онколошки пациенти за кои пишува дека се жртви од кражбата на лекови и транспаренти на кои пишува „Крвави пари“, „Крадци, убијци“ и „Уапсете го кабелот“ на денешниот протест на граѓаните по скандалот со Онкологија.
„Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола“, наведуваат организаторите.
Фото: А1он