Запалени 11 возила во Куманово, еден приведен

by Фокус

Во текот на ноќта, на три локации во Куманово биле запалени 11 возила, потврдија од единицата за противпожарна заштита во градот.

Наводно, осомничениот во текот на приведувањето бил под видливо дејство на алкохол, коментираат граѓаните.

Во очекување на официјална изјава на СВР Куманово, засега се уште е непознато дали се работи само за еден осомничен, кои се мотивите и целите за подметнување пожар на 11 моторни возила низ градот, од кои два автомобили припаѓаат на припадници на СВР Куманово, неофицијално коментираат од кумановската полиција.

Четири автомобили се прилично оштетени, додека останатите возила се со мало оштетување, јави порталот Кумановски муабети.

Поврзани новости