Запалена зградата на градското собрание во Бордо на протестите во Франција

by fokus

Градското собрание на Бордо е запалено додека француските протести продолжуваат поради плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Во целодневните протести и судири вчера изгоре влезот на градското собрание во овој град на југозападот на Франција, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција во четвртокот.

Полицијата употреби солзавец кон демонстрантите во главниот град, а 80 лица беа уапсени низ целата земја. Демонстрациите беа поттикнати од легислативата со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години.

Синдикатите повикаа на дополнителни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на кралот Чарлс Трети на земјата. Тој ден треба да биде во југозападниот град Бордо, каде што пожарот ја зафати влезната врата на градското собрание во четвртокот вечерта по еден ден протести и судири.

Не е јасно кој е одговорен за пожарот, кој брзо беше изгаснат од пожарникарите.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин се обиде да ја смири секоја загриженост пред патувањето на кралот, велејќи дека безбедноста „не претставува никаков проблем“ и дека монархот ќе биде „добредојден и добро пречекан“.

Поврзани новости