Хрватската полицијата го истражува пожарот во кој во неделата околу 21 часот и 30 минути на паркингот во градот Карловац изгоре БМВ, а до него беа пронајдени канистри. Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата, а од хрватскиот синдикат на правосудната полиција потврдуваат дека сопственикот на автомобилот е службеник на правосудната полиција.
Полицијата без да соопштува детали извести дека пожарникарите гаснеле пожар на автомобил со регистерски таблички од Карловац, сопственост на 28-годишен маж.
„За да се утврдат причините и околностите на пожарот, ќе следи натамошна кривична истрага“, соопштија од полицијата на Карловац, не откривајќи дали пожарот е поврзан со работното место на сопственикот на изгорениот автомобил.
Портпаролот на синдикатот Јеленко Крешо за „ТВ Н1“ изјави дека не е исклучено подметнувањето пожар да е поврзано со работата на нивниот колега и ги повика институциите да утврдат дали палењето е „порака“ од затвореник или можеби се случува поради штрајк на службеници на правосудната полиција.
Командирот на Јавната противпожарна единица Мирослав Раде за Хина потврди дека пожарникарите на тој оддел вчера при гаснење на пожарот пронашле два канистера со запалива течност и за тоа ја известиле полицијата.