566
Патничко возило „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки било опожарено на улицата „Мирка Гинова“ во Скопје. Случајот бил пријавен рано утринава, во 3.50 часот, во СВР Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, возилото е сопственост на 32-годишниот Кристијан Стефановски, од Скопје, сопственик на продуцентската куќа која стои зад концертот на Здравко Чолиќ.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.