По првите резултати од претседателските избори во Русија, се огласија неко земји и го коментираа исходот.
САД фрлија сомнеж на изборите, на кои Владимир Путин убедливо победи.
Белата куќа соопшти дека руските избори „очигледно не биле слободни или фер“ со оглед на тоа како Владимир Путин ги затвора своите противници и ги спречи другите да се кандидираат против него.
– Со незаконското одржување на избори на украинска територија, Русија покажува дека не е заинтересирана да најде начин за мир. Велика Британија ќе продолжи да дава хуманитарна, економска и воена помош за Украинците кои ја бранат својата демократија – се наведува во соопштението на Форин офис на британскиот Комонвелт.
Дека изборите не се спроведени како што треба коментира и германското МНР.
– Псевдоизборите во Русија не се ниту слободни ниту фер, резултатот никого нема да изненади. Владеењето на Путин е авторитарно, тој се потпира на цензура, репресија и насилство. „Изборите“ на окупираните територии на Украина се ништовни и уште едно кршење на меѓународното право.
Зборуваше и директорот на американската програма за национална безбедност.
„Задачата на Путин сега е неизбришливо да го втисне својот светоглед во главите на рускиот политички естаблишмент за да обезбеди наследник со истомисленици“, рече Николас Гвосдев, директор на Програмата за национална безбедност на Институтот за надворешна политика со седиште во Филаделфија.