Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е невозможно да се отсече Русија од остатокот на светот и дека санкциите што западните земји ѝ ги воведоа на Русија нема да го вратат времето назад кога станува збор за развојот на Русија.
-Не станува збор само за рестрикции и санкции, туку против нашата земја намерно се користи и речиси целосно се оневозможува пристап до високотехнолошки странски производи – рече Путин, обраќајќи им се на владините претставници преку видео-конференција.
Тој додаде дека јасно е дека ова е голем предизвик за Русија.
-Но нема да се откажеме и нема да дозволиме да се случи општ распад, како што ни предвидуваат некои „добронамерници“. И нема да се вратиме неколку децении наназад, сигурно нема – рече Путин.
Според него, Русија ќе мора да развие сопствена домашна технологија, како и технолошки компании.
Инаку, се најавува дека наскоро би можело да биде потпишан сеопфатен договор за стратешка соработка меѓу Русија и Иран.