368
Никој нема да биде измамен ако Русија го интензивира конфликтот во Украина под изговор дека Киев ќе употреби „валкана бомба“ на своја територија, изјавија министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и САД.
Министрите на трите земји во заедничка изјава ги оценија како лажни изјави од Москва дека Украина се подготвува да употреби валкана бомба на своја територија.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.
Шојгу им ја пренел на своите колеги својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад“.