Заострување на мерките во САД поради Исламска држава

by Fokus

Полицијата во американската сојузна држава Вирџинија го засили своето присуство на клучни цели во областите во непосредна близина на главниот град на САД поради потенцијалната закана од терористичката група Исламска држава (ИД), јави синоќа телевизијата Си-Би-Ес. Заострувањето на безбедносните мерки го потврди и самата полиција.

– Го зајакнавме нашето полициско присуство во целиот округ, вклучувајќи ги главните артерии, транзитните центри и трговските центри, рече Кевин Дејвис, началник на полицијата во округот Ферфакс, јужно од главниот град на САД.

Поврзани новости