579
Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против корона вирусот, но сепак дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за Ковид-19 од 43 проценти.
Мерките вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството, пренесува Хина.