Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси за да ја решат кризата за доброто на сите граѓани, порача генералниот секретар на ОБСЕ, Лимберто Заниер по средбите со претседателот, Ѓорге Иванов и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Тој потенцираше дека кризата не смее да се претвори во меѓуетничка конфронтација и ги повика политичарите да се воздржат од острите реторики.
-Утрово се сретнав со претседателот и со министерот за надворешни работи. Мојата главна порака беше дека лидерите мора да се исправат пред предизвикот, да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза за доброто на сите граѓани. Не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии!- стои во твитот на Заниер објавен на твитер-профилот на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје.
Заниер на својот твитер-профил напиша дека на претседателот Иванов му ја нагласил својата „загриженост за политичкиот ќор-сокак“ и дека „вперувањето со прст во меѓуетничките прашања е опасно и контрапродуктивно“.
Претседателот Иванов пак, побарал од него да ја осуди и отфрли албанската платформа.