Грчката Влада внимателно следи што се случува во соседната земја и ги поддржува напорите за целиот процес да оди напред, затоа што ќе биде штета ако се загуби оваа шанса, вели министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото „Сто кокино“.
-Постојат политички опции што може да ги направи господинот Заев, кои би одвеле до уставна ревизија. Постои силна политичка сила во соседната земја што се обврзува да направи напори со секое средство што го има на располагање за исполнување на суштинските предуслови, односно ревизија на Уставот и ние тоа и го поздравуваме и го пофалуваме – рече Ѕанакопулос.
Тој додаде дека грчката влада тесно го следи и го поддржува овој, како што вели, голем напор целиот процес да оди напред.