На таткото на Коста К., тинејџерот што уби девет соученици и чуварот на училиште во белградската населба Врачар му се забранува да располага со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој, одлули Вишиот суд во Белград, а одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца.
Српските медиуми пишуваат дека станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило. Оваа мерка ја побарале семејствата на убиените деца, а истата ќе трае до правосудната разврска на кривичната постапка.
Наводно, една работа што ја направил таткото на Коста кој е во притвор, го привлекла вниманието на судот и на адвокатите на родителите на убиените деца, по следувала брза реакција.
Судот реагирал откако Владимир Кецмановиќ побарал нотар да дојде да го посети во притвор. Неговата намера била да ја завери потребната документација, за да може да располага со својот имот, дознава „Блиц.рс“.
Според неофицијални информации, семејството на тринаесетгодишното момче, кое го изврши масакрот во основното училиште на Врачар на 3 мај, минатата недела дало полномошно на нотар целиот имот од нивно име да се пренесе на нивни роднини. Но, семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“ решиле да поднесат приватни тужби против таткото и мајката на момчето и да побараа од судот привремено да им го одземе имотот.