Собранието попладнево ги изгласа замениците-министри со 62 гласа „за“, „пет“ воздржани. На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
За заменик-министер за одбрана е избран Беким Максути, за заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу, за заменик министер за правда Оливер Ристовски, за заменик министер за надворешни работи Арта Точи, за заменик министер за финансии Ширете Елези, а за заменик министер за економија Кире Наумов.
Власте Димковиќ е нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули е заменик – министер во ресорот животна средина и просторно планирање.