Заменици-министри положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

by fokus

Владина делегација составена од Филип Николоски заменик министер за финансии, Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи заменик-министер за транспорт и врски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на 23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

– Република Северна Македонија денеска го чествува „23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“ во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Поврзани новости