Заменик-министерот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман е позитивен на ковид-19.
Информацијата функционерот ја објави на неговиот Фејсбук профил.
-Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита, напиша Рахман на Фејсбук.
Тој е избран за заменик-министер на собраниска седница на 23 септември годинава. Доаѓа од Партијата за движење на Турците, а претходно беше директор на Агенција за остварување на правата на заедниците.
Рахман е прв министер или заменик-министер во новата владата кој е позитивен на коронавирусот.