Заменикот на Гешкоска, Цветановски, ќе шефува со Скопското јавно обвинителство

by fokus

Советот на јавни обвинители вторпат ја одложи седницата за распишување оглас за избор на претседател на скопското обвинителство откако вчера истече мандатот на обвинителката Гордана Гешкоска.

Седницата е одложена поради немање кворум, a од Советот велат дека е презакажана на 25 мај.

До изборот на новиот шеф функцијата ќе ја извршува првиот заменик на Гешкоска, Јован Цветановски.

Според неофицијални информации, Гешкоска нема да конкурира за повторен мандат, туку ќе се врати на старата позиција, заменик на актуелниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пред да ја добие оваа позиција, таа работеше во Одделот за организиран криминал.

 

Поврзани новости