Заменик министерот за здравство тврди дека вакцините ги исполнуваат европските стандарди

by fokus

Со целосна одговорност тврдам дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги исполнуваат европските стандарди, рече заменик министерот за здравство Асим Муса на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции.

– Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините во здравствените институции во европските земји,  потврди и комисијата од произведувачот на вакцините што беше дојдена во Македонија, рече Муса. 

Поврзани новости