Заменик командант на полициска единица спречил полицаец кој бркал еден од насилниците, напаѓачи кои ја претепаа екипата на А1он, а полицаецот изготвил и службена белешка, пренесува Телма.
Според телевизијата, по нападот на екипата, кога полицаецот се обидел да спречи еден од нив, заменик командантот на единицата која е во состав на СВР Скопје наредил да ја прекине потерата и да се врати кај повредените.
Од телевизијата уште додаваат дека заменик командантот на единицата бил и дел и од „бомбите“ на СДСМ кои се истражуваат во СЈО. Во еден разговор, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, екс министерката Гордана Јанкуловска му се жали на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дека овој заменик командант на изборите во Струга вперувал пиштол во глава на човек за што добила полака и од ОБСЕ.
Тој цело време е заменик командант на единицата, а беше отворена истрага и за фалсификување на неговата средношколска диплома.