На утрешното рочиште во рамки на случајот „Рекет“ ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка во Специјалното јавно обвинителство додека второосомничената Катица Јанева беше специјална јавна обвинителка.
Во случајот, првоосомничен е Бојан Јовановски, кој се товари за перење пари и примање награда за противзаконито влијание, додека Јанева е обвинета за злоупотреба на службената должност и овластување.
Третообвинет е Зоран Милески – Кичеец, кој уште на првото рочиште призна вина за делото примање награда за противзаконито влијание, по што доби 3 години затворска казна.
Всушност, обвинителката Јосифовска утре ќе сведочи за третманот кој Катица Јанева го имала кон случајот „Империја“, во кој меѓу обвинетите е и сведокот во случајот, Орце Камчев.
Освен него, досега сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, но и друи бизнисмени.