Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

by Fokus

Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои зедоа затворски персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат затворот, изјавија за агенцијата Интерфакс руските служби за итни случаи.

Тие тврдат дека насилниците се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација, наведува агенцијата. Интерфакс додава дека затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети.

Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на упатен извор, наведува дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.

„Тие имаат секири, очигледно од противпожарна опрема и гумени палки, но немаат огнено оружје“, рече изворот.

Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.

Поврзани новости