710
За да може да почне учебната година со далечинско учење на кое часовите ќе бидат скратени на 30 минути за основно образование и 35 минути за средно образование, потребно е да се донесат законски измени, но во моментов нема функционално Собрание кое може да ги изгласа тие измени, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска.
-Ние како Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни законски процедури излгасани во парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година – рече Наумовска за Сител.