Законските измени за прислушувањето поминаа на прво читање во Собрание

by fokus

Собранието со 64 гласа „за“ во прво читање ги усвои предложените законски измени за Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, како и за предлог-законите за Оперативно – техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, рече дека измените на законот за следење на електронските комуникации се дел од пакетот закони кои што се претежно од областа на МВР.

Мали се измените. Главната поента е дека се ограничува пристапот на безбедносните служби директно до опремата за прислушување. Со членот 4 се определува точното времетраење, кое што операторите, се должни да ги задржуваат податоците за моменталната географска, физичка или логичка локација на опремата на своите претплатници, односно нивните корисници. Се бришат глобите пропишани за сторени повреди на законот од страна на правно лице или трговец поединец, кои што произлегуваат од обврските утврдени од членот 175, а се додаваат две нови, за непочитување на обврските произлезени од новиот став 6 од членот 178, објасни Манчевски.

 

Поврзани новости