452
Законските измени на Законот за СЈО, како и Законот за заштита на сведоци не беа изгласани. Со 36 „за“ и 54 „против“ од вкупно 90 присутни пратеници, законските измени не беа донесени.
Петре Шилегов од СДСМ рече дека гласањето на овој Закон содржи „сериозни политички пораки, бидејќи СЈО проилезе од Пржино и треба да да помогне во разрешување на сериозната политичка криза која трае веќе две години.
-Ние треба да помогнеме да има логична завршница, рече Шилегов, истакнувајќи дека во интерес на ВМРО ДПМНЕ е во правна процедура да се докаже дали имало прислушување.
Јанева ги побара овие законски измени за поголема ефикасност на СЈО, а како предлагач во Собранието ги поднесе СДСМ.