Законски предлог за забрана за посвојување на руски деца во „непријателски земји“

by Фокус

Руските пратеници денеска поднесоа предлог-закон со кој се забранува посвојување руски деца од граѓани на „непријателските“ земји, додека тензиите растат поради воената интервенција на Москва во Украина.

Доколку биде усвоен, овој предлог би го проширил законот од 2012 година кој им забранува на семејствата од САД да посвојуваат руски деца, пренесува AFP.

Забраната во тоа време предизвика негодување, при што критичарите на Кремљ истакнаа дека руските сирачиња станаа жртви на јазот меѓу Вашингтон и Москва.

Откако Западот воведе невидени санкции кон Москва поради одлуката на Путин да испрати војници во западна Украина на 24 февруари, Русија постојано ја прошируваше листата на земји што ги нарекува „непријателски“.

На листата сега се САД, Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја и сите земји-членки на ЕУ.

За да стапи во сила, нацрт-законот треба да биде одобрен од двата дома на рускиот парламент и потпишан од претседателот Владимир Путин.

Поврзани новости